„ТАВ Македонија“ нема планови или намери да влегува во бизниси различни од аеродромското работење

„ТАВ Македонија“ со изјава за споменувањето на компанијата во текст за ЈСП.

-Во врска со вестa објавена денеска, на 24.11.2022, со споменување на ТАВ во текст за ЈСП, би сакале да изјавиме дека ТАВ Македонија нема планови или намери да влегува во бизниси различни од аеродромското работење. Како компанија која котира на берза, ние сме транспарентни при секоја комуникација за стратегијата и идните планови. Оттука, бараме коректно медиумско известување без ширење на неосновани гласини кои можат да му наштетат на угледот и репутацијата на нашата компанија - се вели во соопштението на „ТАВ Македонија“: