Татковци од Струмица и Крива Паланка ги натепале своите синови - полицијата ги уапсила

Струмичанец и кривопаланчанец уапсени синоќа затоа што физички ги нападнале своите синови.

Како што се наведува во полицискиот билтен, ноќеска во 01:30 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица лишиле од слобода 54-годишен жител на струмичко село, постапувајќи по претходна пријава дека претходно околу 23:00 часот во семејниот дом физички го нападнал неговиот 26-годишен син.

Лицето е задржано во Полициската станица Струмица, а за настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.

Исто така, синоќа во 21:27 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишиле од слобода Б.Р.(55) од Крива Паланка, затоа што физички го нападнал неговиот син.

По целосно документирање на случаите, против нив ќе следуваат соодветни пријави.