Самоил Костадиновски исчезна неодамна, по што неговата сопруга кажа дека најверојатно станува збор за киднапирање, а сега татко му понуди парична награда за да добие било каква информација за внукот на македонскиот политичар Љубе Бошковски.
- Не изгубив велосипед, туку дете. И по 20 дена не знаеме каде е, што се случило со него, вели таткото на Самоил за „А1он“.
Неговиот татко досега не добил никаква информација ниту од обвинителството, ниту од пријателите на 26-годишникот.
Полицијата уапси две лица на кои им беше одреден 30-дневен притвор, а обвинителството води истрага.