Татко во Струмичко го турнал синот по скали, 19-годишникот се здобил со тешки повреди

Педесет и едногодишен жител на струмичко село е лишен од слобода поради сомнение дека физички го нападнал својот 19-годишен син и го турнал по скали, при што младиот човек се здобил со тешки телесни повреди.

Според информациите од МВР, полициски службеници од СВР Струмица го привеле осомничениот вчера во 16:40 часот, постапувајќи по претходна пријава дека на 1 август, на терасата од семејниот дом, физички го нападнал синот и го турнал по скалите.

Повредениот 19-годишник бил пренесен во Медицинскиот центар во Струмица, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди.

Осомничениот бил задржан во Полициската станица Струмица, а за случајот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.

По целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.