Татко со дрвен предмет ја нападнал ќерка си во струшко

60-годишен стружанец со дрвен предмет ја нападнал неговата ќерка. 

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Б.С.(60) од струшко село, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда при семејно насилство“. Тој, на 13.03.20223 во семејниот дом во селото, започнал вербална расправија со неговата ќерка, по што ја нападнал со дрвен предмет, соопшти полицијата.