Татко пријавил обид за силување на неговата малолетна ќерка

Тетовската полиција денеска уапси 20-годишен жител на Тетово кој бил пријавен дека претходниот ден се обидел да силува малолетно девојче.

В.Л (20) е упасен и задржан во полициска станица откако 34-годишен тетовец пријавил дека тој се обидел да ја силува неговата малолетна ќерка.

Полицијата го сослушала приведениот во Полициската станица Тетово и по расчистување на случајот против него ќе биде покрената соодветна пријава.