„Татко ми Џамбаз не се отрезнил три дена“ - откри Игор кој денеска слави роденден

Оригинални честитки и срдечни желби пристигнуваат од сите страни по повод роденденот на Маестро Игор Џамбазов, нашиот познат актер, пејач и шоумен кој го нарекуваат „Жива легенда“.

Џамбазов е роден е на 15 јули 1963 година во Скопје во семејството на композиторот Александар Џамбазов и глумицата Анче Џамбазова, а како внук на истакнатиот глумец Петре Прличко. 

Игор на својот Инстаграм профил сподели фотка со бројката 61:

- На денешен ден, пред точно 61 година мајка ми Анче ме испорачала на овој свет. Светот не се потресол баш премногу околу тоа, ама татко ми Џамбаз не се отрезнил три дена. Другото е историја...и по малку театар и музика, порача Џамбазов.