Татко и син повикани во полиција поради семејно насилство

Шеесет годишник и неговиот син на 26 години се повикани и задржани во полициска станица поради сомневање дека извршиле физички напад врз нивната 30 годишна ќерка и сестра.

– Вчера околу 18 часот и 20 минути, во Полициската станица Тетово бил извршен службен разговор со М.А.(60) и И.А.(26) од Тетово, кои претходно физички ја нападнале нивната 30-годишна ќерка и сестра, a поради прeтходни недоразбирања со нејзиниот сопруг. Двајцата се задржани за расчистување и документирање на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок, инфомира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.