Татко и син нападнати на Партизанска во Скопје

Татко и син нападнати на Партизанска во Скопје. Како што стои во билтенот на МВР, вчера  во 13.00 часот во Полициската станица Карпош, А.С.(21) од Скопје, пријавил дека на 18.09.2018 година околу 08.00 часот, движејќи се кон булеварот „Партизански одреди“, физички бил нападнат од лицето И.И. и неговиот татко Б.И. и уште четири непознати лица. 

Од нападот А.С. изгубил свест, а откако дошол при свест отишол во Градската општа болница „8-ми Септември“ каде му била укажана лекарска помош.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.