Тасевски: Жртвата да беше од тука, обичен тип, немаше повеќе од 5 или 6 години да добијат

Актерот Сашо Тасевски, со свое видување за вчерашната пресуда за обвинетите за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот. 

Тој на својот Фејсбук профил, истакна дека имало причина зошто пресудата, како што вели, била објективна.

-Причината за објективните пресуди за убиството на ракометарот е таа што е странец, од земја на ЕУ. Судот не смееше да си дозволи глупост зашто директно ќе беше под удар на европските судови и мониторџии. Да беше ова домашно убиство, жртвата да беше од тука, обичен тип, немаше појше од 5 или 6 години да добијат. Да беа Албанци веројатно ни толку немаше да, добијат или ќе киднеа преку граница уште вечерта по убиството. Вака, беше за***но за судот. Мораше да биде објективен. Големи очи го гледаа - напиша Тасевски.