Тарчуловски: Да ги прескокнеме сите политички бариери, судбината на државата се решава на овие избори

Кандидатот за градоначалник на Општина Кисела Вода од ВМРО-ДПМНЕ, Јохан Тарчуловски продолжува со посетите на населените места во општината, каде граѓаните му даваат голема поддршка. Тој беше во посета на населените места 11-ти Октомври и Градинар. Од таму порача дека никој не може да ги крои судбините на граѓаните, само човекот и никој друг.

-Македонецот колку и да е поделен, колку и да е кивен еден со друг, партии, СДСМ, ВМРО, Македонецот ќе си го најде заедничкиот јазик кога е најпотребно. Ние треба да ги прескокнеме сите тие бариери политички, затоа што судбината на државата се решава на овие избори. Некој ќе рече локално, локално, ние ќе си го решиме си знаеме кој сме и што сме и колку ни е силата. Јас ве уверувам дека не постои таа сила што може да не победи нас во Кисела Вода, на сите да ви е јасно тоа, изјави Тарчуловски.

Тој порача дека клучот за целиот успех на општината е градот Скопје да остане во рацете на ВМРО-ДПМНЕ. Тој вели дека ако некој друг одлучува и големите проекти кои што се во рацете на градот Скопје, не можат сами да ги спроведат ќе биде голем проблем за сите нив.

-Знаеме ние колку ние моќта на општината, знаеме со што располагаме, знаеме колку проблеми имаме и знаеме како тие проблеми да ги надминеме. Како што се бориме за општината, за градоначалникот, за Советот, така исто да гласаме и за Коце Трајановски и за Советот на град Скопје. Од тука доаѓа нашата сила после избори да се бориме и за предвремени парламентарни избори, тука е нашата сила и тука нашата јачина. Ако покажеме на овие избори колку сме сложни ќе се замислат и другите со каква сила си имаат работа, изјави Тарчуловски.

Тарчуловски дека тие немаат од што да се кријат, немаат од што да се срамат, немаат за што да се заклучуваат во канцеларија.

-Целта и поентата наша е со огромна и голема разлика на овие избори, да им ставиме на ум, да не помислуваат дека и наредните избори некој ќе застане против нас во Кисела Вода. Сите се знаеме, сите се познаваме, јас од овде не очекувам да правам име. Јас можам да одам низ цела Македонија и да одам и да се сликам со луге, мене ми е да дојдам овде да помогнам, мене ми е заедно со Орце да направиме за другите што доаѓаат после нас, изјави Тарчуловски.

Тој во посетата во населеното место Градинар кажа дека секогаш имале голема поддршка и доверба таму од граѓаните, а дека на таа поддршка и доверба мора да се возврати.

-Секој проблем кога е мал полесно се решава, ако не го решаваме ќе стане уште поголем и ќе израсне и нов и нов и нов, ако не ги решаваме влегуваме во еден затворен круг од кој не можеме да излеземе. Но да бидеме свесни дека ако не сме сложни, ако не сме сите заедно ако не направиме резултат со кој што ќе се исплашат сите други, ништо нема да направиме. Победа како победа не значи ништо, ако не е огромна победа. Таа огромна победа ќе ни даде сила на сите нас, изјави Тарчуловски.

Тарчуловски кажа дека тие ова го градат и почнуваат да се борат за идните генерации, да размислуваат за идниот мандат, за следниот градоначалник кој ќе работи после него да му ја остават општината две скалила погоре.

-Ако не мислам дека јас и Орце можеме тоа да го направиме, не би ни тргнале во ваква приказна луге. Ние не сме анонимци некои, па да не не познава никој, не знае цела држава, не сакам да се брукам тука, утре да се срамам да излезам на улица, ако не успееме да направиме нешто.