Танчерки од Русија, Бугарија, Србија и Казахстан уапсени во ноќен клуб во Охрид

При контрола во ноќен клуб во Охрид приведени биле седум странски државјанки затекнати при нелегална работа.

Од МВР информираат дека вчера полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Запад во ноќен клуб на булевар „Железничка“ во Охрид ги привеле А.Г.(28), М.Р.(26), А.Б.(29), А.С.(28), државјанки на Русија, П.П.(31) од Бугарија, А.Л.(31) од Казахстан и А.Р.(42) од Србија.

При извршена контрола во ноќниот клуб, странските државјанки биле затекнати како нелегално работат како танчерки, по што се приведени.

По целосно документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени пријави, посочија од МВР.