Тамара замина во Израел на снимање на видео разгледницата за Евросонг (фото)

Изборот за песна на „Евровизија“ оваа година ќе се одржи во Тел Авив, Израел, а наша претставничка е Тамара Тодевска која ќе не претставува со песната „Proud“.

Тодевска полека се подготвува за Евровизија, а вчера замина во Тел Авив каде ќе ја сними видео разгледницата.

Таа на својот „Фејсбук“ објави фотографија од скопскиот аеродром и  напиша:

„Не сум утрински човек, но навистина му се радувам на своето прво патување во Израел, за да ја снимам мојата евровизиска разгледница. Ве сакам сите“, напиша Тодевска.

Нешто подоцна таа објави неколку фотографии дирекно од Тел Авив.