Тамара Тодевска: Ќе беше многу без везе да купевме амбулантни возила и да не одиме на Евровизија

Тамара Тодевска во своето гостување, вечерва на 1ТВ на новинарско прашање дали парите за Евровизија требало да пренеменат за амбулантни возила даде одговор кој ја разбранува македонската јавноста. Таа одговори: „ќе беше без везе да купиме амбулантни возила и да не одиме на Евровизија, пошто никој немаше да знае за нас“.

 

 

Одоговор предизвика лавина реакции на социјалните мрежи. Граѓаните коментираа дека личниот интерес го ставила пред интересот на државата.