Тамара ќе ја претставува Македонија на Евровизија

Тамара Тодевски ќе биде претставник на Македонија на годинешното издание на Евровизија. Веста ја соопшти пејачката на својот инстаграм профил. 

„Драги мои, со големо задоволство можам да кажам дека сум преставник на Евросонг, оваа година во Израел“, напиша Тодевска. 

Годинешната Евровизија ќе се одржи во Тел Авив, Израел на 14 и 16 мај. 

Ова е втор настап за Тамара. Првиот настап беше во 2008 година заедно со Врчак и Адријан Гаџа кога не успеа да се пласираат во финалето. 

Македонија за прв пат дебитираше на Евровизија 1998 која се одржа во Бирмингем, Велика Британија. Воедно, во 1996 Македонија за прв пат зема учевство но не се пласира во финалето. Најдобриот пласман Македонија го доби во 2006 во Грција, каде што Елена Ристеска го освои одличното 12. место.