Талат Џафери: Случајот со аудио-снимката на која пратеникот Павле Богоевски нарачува дрога, нема основ за покренување постапка

Кабинетот на Талат Џаери смета дека во случајот со аудио-снимката на која пратеникот Павле Богоевски нарачува дрога, нема основ за покренување постапка.

Иако граѓаните, меѓу кои и истакнати активисти, новинари и адвокати, го осудија чинот на пратеникот, сепак Кабинетот на Џафери смета дека нема основ за поведување на постапка.

– Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, секогаш кога според Уставот и Деловникот на Сoбранието е должен да постапува, презема конкретни иницијативи и мерки кои се во согласност со неговата надлежност. Во овој момент нема основ за каква било постапка. ПСРСМ очекува дека надлежните институции ќе постапуваат ефикасно и целосно ќе го расчистат случајот. – велат од кабинетот на претседателот Џафери.