Такви нема многу: Три знаци дека сте промислена личност

Во дефиницијата за зборот промислен се наведува дека станува збор за личност која е разумна, паметна и зборлеста.

Да се биде многу промислена личност не е воопшто лесна задача. Се работи за привилегија која ја уживаат многу малку луѓе. А како да знаете дека некој човек може да се сврсти во категоријата на промислени луѓе? Во продолжение ви претставуваме три знака кои можат да ви помогнат да проверите дали припаѓате на таа група.

Обрнувате големо внимание на нови идеи кои многумина ги одбиваат

Луѓето постојано ги одбиваат новите идеи. Можеби затоа што се скептични,можеби затоа што не сакаат промени. Причините се различни, но одбивањето на новите идеи не е реткост. Меѓутоа, луѓето кои влегуваат во оваа категорија се многу промислени и можат да видат потенцијал во новите идеи и се отворени за нив.

Се трудат да немаат предрасуди и внимателно ги испитуваат новите концепти пред да ги прифатат или одбијат. Истовремено, таквите луѓе се доволно скептични од самиот почеток да знаат на кои идеи треба да им посветуваат дополнително внимание.

Имате пострасуди, а не предрасуди

Да се има предрасуди значи да се има цврсто мислење за нешто без испитување на фактите. Да се има пострасуди значи да се има цврсто мислење откако ќе се испитаат фактите.

Промислените личности секогаш одвојуваат одредено време пред да формираат мислење. Нив ќе ги слушнете како велат: „Не знам многу на оваа тема. Ќе морам малку да размислам и добро да истражам пред да ви го дадам своето мислење.“

Освен тоа, луѓето кои добро промислуваат се отворени кон можноста да го сменат мислењето ако добијат доволно силни аргументи од другата страна.

Љубопитни сте

Промислените личности поставуваат многу прашања. Нивната глад за знаење ја надминува желбата да го покажат знаењето кое веќе го имаат.