
36-годишен жител на струшкото село Радолишта заработи кривична пријава откако бил затекнат како врши такси-превоз на патници без соодветна лиценца.
„СВР Охрид поднесе кривична пријава против Р.С. (36) од струшкото село Радолишта, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ‘вршење јавен превоз без поседување лиценца’“, информираат од МВР.
Според полицијата, на 13 септември 2026 година, полициските службеници го затекнале пријавениот додека превезувал патници со такси-возило, без да поседува лиценца за вршење јавен превоз на лица.