Таксист нападнат пред поликлиниката „Бит-пазар“

Четириесет и едногодишен таксист од Сарај бил физички нападнат од повеќе непознати лица синоќа пред поликлиниката „Бит-пазар“.

„Додека чекал на такси-станица со своето возило ‘мерцедес’ со скопски регистарски ознаки, му се доближиле повеќе непознати лица, кои по кратка вербална расправија физички го нападнале. Потоа, С.С. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Градската општа болница ‘Свети Наум Охридски’ каде му биле констатирани тешки телесни повреди и му била укажана лекарска помош“, соопшти МВР.

Увид на местото извршила увидна екипа од Полициската станица Бит-пазар, при што биле пронајдени траги од крв, еден нож и една рамка од пиштол со 15 куршуми непознат калибар. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.