Таксист нападнал Американец во Скопје: „Јас сум главен и јас ја контролирам ситуацијата„

Во Полициската станица - Центар вчера околу 19 часот и 10 минути, 32-годишниот Р.Р.  од Северна Каролина-САД, со привремено престојувалиште во Скопје, пријавил дека истиот ден околу 16:45 часот од плоштадот „Скендербег“ се качил во такси возило и му кажал на возачот да го однесе до  хотел  во Скопје. 

Откако пристигнале пред хотелот, таксистот му побарал да плати 400 денари, а на таксиметарот стоела сума од 110 денари. Р.Р. рекол дека тука живее и знае колку чини такси превоз, по што таксистот започнал на англиски јазик да го навредува и го стартувал возилото со полна брзина, не дозволувајќи му да излезе од возилото, кажувајќи му дека сега тој е главен и тој ја контролира ситуацијата. Поради густиот сообраќај во близина на продавница за бела техника таксистот подзастанал, при што Р.Р. ја искористил ситацијата ја отворил вратата и скокнал од возилото.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.