Таксист истепал патник па му ги зел парите

На 10.02.2024 година во 03.09 часот во СВР Скопје, П.Ѓ.(25) од Скопје, пријавил дека на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје, бил физички нападнат од возач на такси возило со кое се превезувал, по што напаѓачот му одзел пари.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.