Таксират со европско признание: Меѓу 10-те најдобри затворени фестивали

Најпрестижното еврпско фестивалско признание, European Festival Awards го смести скопскиот „Таксират“ фестивал во најдобрите 10 фестивали кои се одржуваат во затворени простори. 

Европските награди се најпрестижните и најмеродавните награди на нашиот континент кои се однесуваат на музичките фестивали. Скопскиот „Таксират“ на само неколку дена пред главната фестивалска вечер го доби ова големо и вредно признание. Наградата и свечано ќе ја прими во јануари наредната година, во Гронинген, Холандија, во рамки на одржувањето на Еуросоник Ноордерслаг конференцијата. Наградите се доделуваат од 2009-та година, а „Таксират“ се закитува 8 години по ред со номинација во две категории и тоа: Најдобар фестивал во затворено и Најдобар мал фестивал. 

Овогодинешниот Таксират го отвори светската легенда на електронската музика Жан Мишел Жар на 13-ти ноември. Од тогаш до денес, во рамки на фестивалот беа одржани повеќе од 30 концерти, ПИН конференции, три распродадени изведби на бродвејскиот мјузикл Монти Пајтон Спамалот, голем број изложби и филмски проекции, кои заедно привлекоа повеќе од 13 000 посетители. Финалето на Таксират е закажано за петок во Метрополис Арената на скопскиот саем. Петочното финале ќе го заокружат домашните музички легенди Архангел, Кирил Џајковски, Санаториум, Фолтин и Чиста Околина. Фестивалот ќе го затворат победниците на Лузер Фест Контакт 59.