Тајните осудувања...

Забележете како вашиот ум осудува. Осудувањата доаѓаат од вашите лични стравови. Ги оценувате другите луѓе затоа што не сте опуштени во своето сопственот битие. Со осудувањето вие всушност проценувате какви ви се односите со другите луѓето.

Умот кој осудува е многу дуалистичен! Тој раздвојува, а одвоеноста го затвора вашето срце. Ако го затворите вашето срце вие го зацврстувате вашето страдање, но и страдањето на другите.

Откажувањето од осудување значи да научите да ги цените вашите животни тешкотии, но и туѓите – со отворено срце, наместо преку осудување. Тогаш можете да си дозволите себеси, но и на другите, едноставно да постоите без далечини меѓу вас.

Секој пат кога нешто ќе ставите на страна, тоа останува таму. И така се собираат и наталожуваат работите и купот станува преголем. Вашите падови тогаш стануваат поинтересни од вашите успеси, затоа што ви го покажуваат она што го немате, она на коешто треба да работите.

Само кажете: „Фала ти за оваа лекција“. Нема потреба да ги осудувате другите. Треба да работите на себеси.

Кога некој ќе ве испровоцира, единствената причина за вашиот бес е во тоа што цврсто се држите за вашето мислење околу тоа каков треба да биде човекот. Вие ги негирате работите онакви какви што се во реалноста. Тогаш ќе сфатите дека очекувањата во вашиот ум се работите кои вашиот живот го претвораат во пекол.

Кога ќе почнете да се фрустрирате поради тоа што некои работи не се онакви какви што сте ги замислиле, размислете и за вашите мисли кои претходеле на сето тоа, а не само на работата која ве изнервирала.

Ќе видите дека голем дел од вашето емотивно страдање постои поради вашиот модел, кој сте го создале во вашиот ум, за тоа каков треба да биде универзумот, како и поради вашата неспособност да го оставите универзумот да биде онаков каков што е.