Тајните на тантричкиот секс за најсилниот оргазам досега

Со овие неколку совети, вашиот сексуален живот ќе се разбуди од хибернација и ќе ве однесе во волшебниот свет на уживање…

Движења

Допирите го подобруваат протокот на крв во организмот и го зајакнуваат имунолошкиот систем. За подобрување на овие ефекти, тантричната масажа е одлична за вакви игри. Дозволете вашиот партнер да легне целосно гол, а вие да го нанесете омиленото масло за тело. Потоа, масирајте го партнерот со вашето тело. Започнете да дишете во правец на неговите ерогени зони, а потоа галете го со вашата коса, потоа градите, стомакот и другите делови од вашето тело. Овој чин е посебен вид танц каде и вашиот партнер и вие ќе се чувствувате одлично.

Звуци

Звукот е како внатрешна масажа. Вибрациите влијаат на вашите клетки и ослободуваат енергија. Со правење звуци, му покажувате на партнерот дека уживате, а помага и за поинтензивен оргазам. Обидете се да направите нежни звуци кои треба да предизвикаат вибрации. На мажите многу им се допаѓа кога ги цицате брадавиците и истовремено правите звуци на задоволство.

Задоволете се

Жените честопати имаат потреба да задоволат маж и да се стават во втор план. Нека светот се врти околу вас – одете во кревет со таква мисла и резултатите ќе бидат неверојатни. Предложете му на партнерот заемна мастурбација, кога ќе ве види, тој само ќе полуди.

Внимание

За да бидете максимално фокусирани на вас и на партнерот за време на сексот, замолете да се гледате едни со други во очи. Кажете му што гледате и како се чувствувате. Ова ќе ја запали имагинацијата и ќе слушнете неочекувани работи од неговата, а и од својата уста.

Финале

Една од главните придобивки на Тантра е проширувањето на уживањето, како и нивното продолжување. Кога пристапувате кон оргазмот, застанете, вдишувајте и погледнете се едни на други во очи. Продолжете. На овој начин ги усогласувате вашите оргазми, затоа што, се разбира, подобро е кога во исто време го доживувате „големото О”.