Тајните на самохраните родители...

Џени Ли напиша песна за самохрани родители и ја објави на Фејсбук, а потоа од сите страни на светот стигнаа пораки од мајки и татковци кои се чувствуваат како и таа. Таа изјавила: „Работам како полицајка и им помагам на луѓе во еден многу сиромашен дел од градот, па секојдневно се среќавам со луѓе на кои им е тешко.“

Џени вели дека ја објавила песната за да ги охрабри другите родители кои се мачат едвај спојуваат крај со крај. Вели дека ја напишала „од срце.“

„Сакав луѓето да знаат дека постои некој кој ги разбира, да знаат дека не се сами.“

Нејзините деца имаат 12, 15, 16 и 21 година. Вели дека малку е полесно откако децата пораснале.

„Сѐ што напишав и самата го доживеав.“ Самата Џени вели дека песната ја напишалa во чест на нејзините деца.

Тајните на самохраните мајки

Ви реков дека ќе вечерам кога ќе си легнете, не затоа што не бев гладна, туку затоа што немаше доволно храба.

Си дојдовте од училиште со приказната за патувањето кое требаше да се плати уште наредниот ден, а јас морав да си ја проголтам гордоста и да позајмам од моите пријатели.

Мојата облека е цела со дупки, ја носам веќе со години. Не затоа што толку ги сакам тие парчиња, туку затоа што не можам да си дозволам нови работи – вие многу брзо растете и вас ви се многу попотребни.

Кога ќе ви дозволам цел ден да гледате телевизија – тоа значи дека можам да си дозволам да греам само една соба, затоа што парното е многу скапо.

Дента кога вечеравте сладолед беше дента кога само тоа имав дома, единствената храна која е останата.

Дојдовте во мојата соба затоа што сте се разбудиле од лош сон. Не, не гледав тажен филм, туку плачев цела вечер.

Ме праша каде ми е прстенот и ти реков дека го изгубив, а всушност го продадов за да ви купам подароци за Божиќ.

Кога одевме пешки по патот, тоа не беше за авантура, туку немав пари за автобус.

Секојпат кога ви беше потребен модерен костум, цела вечер рачно ги правев, се трудев да бидат најдобри што можат, затоа што не сакав да ви се смеат.

Кога ме викаа на вечери со пријателите, одлучував да останам дома, затоа што вас ви е потребна стабилност, но и пари.

Кога се чувствувам лошо, а вие седнувате до мене на каучот за да ме гушнете и да направите муабет со мене... Сакам да ви кажам да доаѓате почесто и да ми кажувате дека ме сакате, тие мали работи ми значат многу.

Вие сте причината поради која живеам, вие сте мојата единствена љубов и причината поради која се будам наутро!