Тајната за среќа е едноставна: Јадете во друштво

За некои луѓе, јадењето сам е убава навика, но постојаното практикување на оваа навика е друга приказна. Според новата студија спроведена од страна на Oxford Economics , тоа придонесува за умствени пореметувања. Ова истражување опфатило 8250 испитаници од Велика Британија.

Целта на истражувањето била да ја утврди поврзаноста меѓу јадењето и среќата. Притоа, истражувачите на универзитетот Оксфорд утврдиле дека луѓето кои јаделе во друштво имале поголеми шанси да бидат среќни и задоволни со својот живот. Тие  исто така дошле до заклучок дека оние кои луѓето кои јадат во друштво се чувствуваат подобро за себеси, имаат поголема самодоверба и пошироки социјални и емоционални врски.

Според, раководителот на истражувачкиот тим, др. Робин Данбар – професор по психологија на Оксфорд универзитетот, не се знае точно зошто е тоа така, но веројатно среќата се базира на тоа што јадењето претставува социјален ритуал, момент на зближување и комуникација со другите луѓе во нашите хаотични животи. Според него, храната има моќ да ги зближи луѓето и да им ја подобри комуникацијата.

Според него, тоа произлегува од фактот дека на психолошко ниво, имањето пријатели не прави посреќни. Притоа, јадењето со другите придонесува за лачење на ендорфинот, што ни дава убаво чувство поради зближувањето со другите луѓе.