Тајна на луѓето кои никогаш не се болни

Сигурно познавате барем една личност која успева да остане здрава додека сите околу неа киваат, кашлаат и не се чувствуваат добро.

Јадат здраво

Медитераснкиот начин на исхрана кој е темелен на немасни белковини, свежо овошје, зеленчук и житарици се покажал како еден од најздравите. Редовното вежбање го јакне имунитетот и ја намалува шансата за добивање инфекции на дишните патишта.

Земајте витамински суплементи

Без обзир колку внимавате на исхраната, некогаш поради квалитето на достапни намирници, тешко е да се внесат сите потребни витамини и минерали во организмот. Затоа добар дел на луѓето, надополнува со нутритиенти и витамински суплементи во капсули.

Спијат минимум 7 саати

Доволната количина на сон е од најважните правила за здрав живот. Личностите кои спијат од 5 до 6 саати имаат 30% повеже шанси за да настинат во однос на поединци кои спијат 7 саати и повеќе.

Го контролираат својот стрес

Стресот повремено го намалува имунитетот, а експертите тврдат дека е можно да се контролира.

Пред се важно е добро да се организираат секојдневните обврски, држат контрола над се што треба да направат во текот на денот или неделата.

Често мијат раце

Во текот на денот со рацете допираме различни површини кои не се чисти - од возила до јавен превоз до тастатури кои кријат бактерии. За да се спречи нивното ширење, здравите луѓе редовно мијат раце.