Таблата на „Воин на коњ“ вратена

Откако вчера споменикот „Воинот на коњ“ доби нова табла на кој пишува дека Александар Велики е дел од хеленистичката историја, по социјалните мрежи кружеше фотографија од демолираната табла.

Сепак денес таблата повторно била вратена на своето место.

На таблата може да се види напишано:
„Во чест на Александар Велики, историска фигура која припаѓа на античката Хеленска историја и цивилизација и на светското културно и историско наследство. Овде е претставен како воин на коњ“.