Табла на улица во Центар со правописна грешка - „твитерџика“ реагира: „Поминало низ 30 раце дур се изработи...и после сакате држава“

На социјалната мрежа „Х“, „твитерџика“ со псевдоним „Лиле Стечајка“ сподели фотографија од табла со име на скопска улица, каде реагираше на печатната грешка.

На фотографијата која што ја сподели, се гледа дека станува збор за улицата „Петар Поп Арсов“ во скопски Центар, но според напишаното на таблата, презимето на овој македонски револуционер и деец, по кого улицата го носи името, е напишано „ПОПАРСОВ“.

„Изработил, Контролирал, Одобрил, Гарантирал... Поминало низ 30 раце, Јавнава Набавка во Град Скопје или Општина Центар дур се изработи оваа таблица!!!! И после сакате Држава?! НЕПИСМЕНОЌА НАСЕКАДЕ!“, гласи „твитот“ на „Лиле Стечајка“.

Во твитовите кои што се надоврзуваат на оваа објава, главно има саркастични реакции.