Табелата со бодови е тука: Кои земји гласаа за Јана на Евровизија?

Салвадор Собрал е новиот победник на Евровизија, а музичкото натпреварување следната година ќе се одржи во Португалија.

За жал нашата претставничка Јана Бурческа не успеа да ни обезбеди место во финалето, а сега се објавени и табелите со рангирањето на учесниците во полуфиналните вечери.

На кое место остана Јана и кои земји и дадоа поени на Македонија, прочитајте во продолжение.

Во втората полуфинална вечер, Јана заврши на 15-то место со вкупно 69 поени. Од нив, 40 поени беа од гласањето на публиката, додека 29 поени од стручните жирија.

Публиката од Бугарија ни даде 12 поени, потоа на табелата е Србија со 10 поени, а следуваат Хрватска со 6 поени, Израел со 5 поени, Сан Марино со 4 поени и Швајцарија со 3 поени.

Хитпортал