СЗО со апел до постарите од 60 години: Не патувајте!

Општите патни забрани нема да го спречат ширењето на омикронот, но патувањата треба да ги одложат лицата постари од 60 години, предупреди Светската здравствена организација (СЗО).

-56 земји донесоа мерки за патување во обид да го одложат увозот на новата варијанта, се вели во упатствата на СЗО објавени вчера. Организацијата со седиште во Женева редовно дава препораки за кои не може да се каже дека ги спроведуваат 194 земји-членки.

-Општите забрани за патување нема да го спречат меѓународното ширење на вирусот и ќе бидат тежок товар за животите на луѓето и за економијата, предупредува СЗО.

СЗО ги повикува луѓето кои не се во добра здравствена состојба и им се заканува потешка форма на Ковид, да ги одложат патувањата.

-Луѓето на возраст над 60 години и оние со коморбидитети (срцеви заболувања, рак, дијабетес) треба да го одложат патувањето“, препорачува СЗО. Ги повикуваат сите патници да бидат „внимателни“, да се вакцинираат и да се придржуваат до санитарните прописи за јавно здравје без разлика на нивниот статус со вакцинација, да носат маски и да одржуваат физичка дистанца, да избегнуваат собири, да ги проветруваат просториите.

Во неделата, регионалната канцеларија на СЗО за Африка ги повика земјите да ги остават границите отворени, а Јужна Африка повика на „итно укинување“ на ограничувањата за патување што државите почнаа да ги применуваат по откривањето на варијантата омикрон.

Во најновата техничка изјава, СЗО ги повика земјите да ги проценат ризиците како проверка на патниците, изолација при одлучувањето за мерките.

-Сите мерки мора да бидат пропорционални на ризикот, временски ограничени и имплементирани со почитување на достоинството на патниците, човековите права и основните слободи, пишува СЗО.