СЗО: Целосните затворања имаат ефект

Светската здравствена организација објави дека, очигледно, строгите ограничувања воведени во голем број европски земји даваат резултати.

Строгите мерки како што се затворање на кафулињата, рестораните, а на некои места дури и на училиштата, доведоа до пад на бројот на социјални интеракции и, следствено, на мало опаѓање на бројот на неделни случаи на коронавирус од 2 милиони на 1,8 милиони. Тоа е мал сигнал, но сепак е сигнал, рече регионалниот директор на СЗО за Европа, Ханс Клуге.

Тој тврди дека идните заклучувања може да се избегнат доколку се користат технологии за следење контакти и ако луѓето носат маски.

Цврсто верувам дека пред нас има повеќе надеж отколку очај. Ќе имаме поинаков Божиќ, но тоа не значи дека не може да биде среќен, додаде Клуге.