СЗО: Бројот на починати од ковид во светот опадна

СЗО објави дека бројот на нови смртни случаи од коронавирус во светот oпаднал за 21 процент во текот на минатата недела.

Во својот неделен извештај за пандемијата на коронавирусот, СЗО навела дека бројот на нови случаи на ковид-19 се стабилизирал по повеќе од една недела пад од крајот на март.

Минатата недела, во светот биле регистрирани околу 3,5 милиони нови случаи на зараза.

Според податоците на СЗО, бројот на новозаразени во Европа и југоисточна Азија паѓа, додека на американскиот континент, Блискиот исток, Западен Пацифик и во Африка тој број расте. Забележани се околу 9.000 смртни случаи.

На Блискиот исток бројот на новозаразени пораснал за повеќе од 60 проценти, а во Северна и Јужна Америка за 26 проценти. Бројот на починати паднал во сите делови на светот освен во Африка, каде пораснал за речиси 50 проценти. Податоците кои ги објавила СЗО не ја опфаќаат епидемијата во Северна Кореја, која допрва треба да проследи официјални податоци.

Порано оваа недела, генералниот директор на СЗО Тедрос Адханом Гебрејесус изјавил дека е длабоко загрижен поради ширењето на коронавирусот во Северна Кореја, додавајќи дека населението на таа земја е невакцинирано и дека голем број на жители имаат тешки болести.

Гебрејесус изјавил дека СЗО се обидува да ги убеди властите во Северна Кореја да пружат повеќе информации и да прифатат помош, вклучувајќи техничка поддршка, вакцини, тестови и лекови, но дека Кореја досега не одговорила.

СЗО објавила дека во западнопацифичкиот регион најмногу случаи се забележани во Кина, каде бројот на новозаразени пораснал за 94 проценти.