
Специјалистот по торакална хирургија, д-р Ненад Цоневски од Делчево, кој работи во софиската Воено-медицинска академија и кој беше снимен на 9. ноември како прегазува куче во главниот бугарски град со својот „Фолксваген Пасат“, се вратил кај своите родители во неговиот роден град , пренесува бугарски „Телеграф“.
Деновиве тој се соочува со невиден јавен линч поради усмртувањето на животното. На социјалните мрежи екстремни реакции.
За едни постапката на младиот лекар е свирепа, за други усмртувањето на животно е релативна работа.
Еве дел од коментарите во јавноста:
- Имам впечаток дека многу повеќе станавме загрижени за еден кучешки живот? Па, зарем до толку трева да се сатанизира младиот доктор? Јавниот линч е страшен.
- Можело и дете да биде место кучето боже какви болесници живеат меѓу нас.
- Колку злоба и лошотија има во луѓево. Нема мерка .Кој му дал право да одземе живот со умисла и злоба ..Животните имаат ред, љубов, слога, почит, интелегенција, а ние луѓето па не го заслужуваме ни воздухот што го дишеме на планетава...
- Ќе го линчувате човекот кој несакајки го згазил. Да не бидам погрешно сватена и јас ги сакам и секое утро кога излезам на прошетка носам нешто во ранецот ама ова линчување не е во ред. Зошто не се јавите кога каснат некој.
- Човек, кој поседува знаци на психопатија, меѓу кои намерно малтретирање и повредување на животните и целосна безмилосност како што видовме на видеото не заслужува поддршка, а уште помалку да има пристап до човечки животи и понатаму во својата кариера. И пет години затворска казна е малку. Ваквите треба целосно да се истиснат од општеството!
Во Бугарија наш доктор Македонец прегази улично куче кое умре, го избркаа од работа му се суди по брза постапка и казната е од 3 до 8 год затвор го распнаа човекот, никој никаде не спомна колку животи тој доктор спасил, тешки ретарди се тие говеда
— Ѓорчеец (@iphoneZAseljaci) November 12, 2025
5 години затвор за „докторот“ шо намерно згази куче у Бугарија
тоа не е се, избегал од станот, јер му се собрале комшиите за ќотек
— capn_mikjo (@capn_mikjo) November 12, 2025
Ја видовте снимката со тој докторот од Македонија шо изгази куче во Софија и си замина?Нека го пикнат затвор и немојте после да кажувате дека го пикнале дека бил Македонец.Нечоек е нечоек, шо сака нека е. Не може да не го видел на излегување од гаража,па уште и го згмечи„Доктор“.
— Контраш (@Nepismen300) November 12, 2025
Вознемирувачките снимки од надзорните камери може да ги погледнете на следниов линк.