Во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје официјално почна Светско првенство во хип-хоп и стрит денс – „IDO World Hip-Hop Championship & Street Dance Show 2024“.
„IDO World Hip-Hop & Street Dance Show 2024“ е во организација на клубот „Брејк а Лег“, и ќе се одвива до 17 октомври. Ќе учествуваат околу 5000 танчери, а публиката ќе има можност да проследи натпреварувања во дисциплините „хип хоп“ и „стрит денс шоу“ во повеќе возрасни категории