Светски познатиот диџеј Авичи пронајден мртов во Оман

Музичкиот продуцент и диџеј Тим Берглинг, познат како Диџеј Авичи, бил пронајден мртов во Оман, објави неговиот издавач.

Неговиот издавач Дијана Барон објави дека семејството на 28-годишниот диџеј е потресено и побара да се почитува приватноста.

Шведската музичка ѕвезда имаше неколку хитови кои се искачија високо на ранг-листите, а има соработки и со изведувачи како Мадона и Колдплеј.