Светски ден на мирот: Учениците од гимназијата „Никола Карев“ праќаат порака „поттикни мир“

На 21 септември ширум светот се одбележува Светскиот ден на мирот. По тој повод учениците од скопската гимназија „Никола Карев“ оваа година неколку денови претходно испраќаат моќна порака „поттикни мир“.

Овој настан е подготовка за одбележување на Светскиот ден на мирот и ја праќаме оваа порака бидејќи мирот почнува од самите себе. Учениците се среќни и задоволни што можат да дадат придонес во еден ваков проект. Нивната свесност е на високо ниво и тие сакаат  да го променат светот, вели во изјава за Скопје Инфо професорката Елвира З. Мустафа која истовремено е и координатор на овој проект.

Проектот е поддржан од Детската амбасадa Меѓаши, а во Македонија се спроведува во неколку основни и средни училишта.