На 21 септември ширум светот се одбележува Светскиот ден на мирот. По тој повод учениците од скопската гимназија „Никола Карев“ оваа година неколку денови претходно испраќаат моќна порака „поттикни мир“.
Овој настан е подготовка за одбележување на Светскиот ден на мирот и ја праќаме оваа порака бидејќи мирот почнува од самите себе. Учениците се среќни и задоволни што можат да дадат придонес во еден ваков проект. Нивната свесност е на високо ниво и тие сакаат да го променат светот, вели во изјава за Скопје Инфо професорката Елвира З. Мустафа која истовремено е и координатор на овој проект.
Проектот е поддржан од Детската амбасадa Меѓаши, а во Македонија се спроведува во неколку основни и средни училишта.