Светот се затвора како превентива од новиот опасен „омикрон“ сој на ковид

Светот соочен пред нов предизвик - новиот сој на корона вирус познат под името омикрон. Поради тоа голем дел од земјите ширум светот ги затвораат градиците.

Наспроти позадината на прекинот на воздушните врси со Јужна Африка и стравувањата од нов глобален бран на коронавирус во текот на викендот, научниците почнаа избезумена работа за собирање податоци за новиот сој на коронавирусот – омикрон, нејзините карактеристики и, пред се, колку вакцините ќе бидат ефекасни.

Првичните информации даваат нејасна слика. Можно е варијантата полесно да се пренесува и полесно да се избегнат имунолошките реакции на организмот, како во случај на вакцинација, така и при природна инфекција, во споредба со претходните варијанти на вирусот, велат експертите.  

Соочена со новиот сој на коронавирусот, Омикрон, Јапонија од утре ќе ги затвори границите за странци, изјави премиерот Фумио Кишида.

– Ќе забраниме секаков прием на странски државјани од целиот свет од 30 ноември, изјави Кишида. 

На Јапонците кои се враќаат од одредени земји ќе им биде дозволен влез во земјата, но ќе мора да бидат ставени во карантин, додаде премиерот. 

Мароканските власти синоќа соопштија дека од денеска ќе ги суспендираат сите летови кои пристигнуваат од целиот свет на две недели поради Омикрон, нов сој на Ковид-19. Привремената забрана ќе трае две недели, јавија локалните медиуми, повикувајќи се на здравствениот комитет. 

Филипините привремено ја суспендираа одлуката да им се дозволи влез на целосно вакцинирани туристи во обид да се спречи ширењето на новата, силно мутирана варијанта на коронавирусот во државата каде што најголемиот дел од населението останува невакциниран.  

Досега и Израел ја затвори земјата како превентива од овој нов сој на корона вирусот.