Не постои магичен напиток, ниту магично стапче кое ќе ви помогне да се ослободите од вишокот на килограми. Сепак, со редукција на исхраната и неколку одлични трикови и вие може да дојдете до посакуваната совршена форма.

Многу познати личности како на пример Дита фон Тиз и Дру Баримор се потполно воодушевени од овој одличен зелен шејк кој помага во топењето на килограмите, а покрај редукцијата на килограмите, овој напиток го подига вашиот имунитет, па со оглед на претстојниот период добро би било колку што е можно побрзо да започнете да го консумирате.

Потребни состојки:

– 2 шолји (2 дл) вода

– 3 стебленца целер

– една рака сецкани ливчиња од целер

– една рака сецкан магдонос

– 1 зелени јаболка

– 1 круша

– 1 банана

– 1 рака свеж спанаќ

– 1 лажица мед

– 1 мала лажичка чиа семе

– сок од 1/2 лимон

Подготовка:

Сите состојки едноставно ставете ги во блендер и испасирајте. Ако имате можност користете намирници од органско потекло.

Овој напиток консумирајте го недела дена, наутро на празен желудник, а после три часа практикувајте да изедете цитрус (грејпфрут, портокал или киви). После недела дена направете пауза од неколку дена, па повторете ја постапката.