Светот до 10 часот: Близу 2,5 милиони заразени од корона вирус

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени вкупно 2.490.096 лицa. Од нив починати се 170.561, а оздравеле 653.231 луѓе.

Русија – Расте бројот на заразени – во изминатите 24 часа има 5.642 нови случаи на заразени. Вкупниот број е 52,763

Германија – Германската Влада разгледува нов пакет законски мерки во областа на здравството поради пандемијата. Одложен е и Октоберфест.

Италија – До крајот на неделата ќе бидат објавен планот за постепено укинување на мерките за ограничување. Се очекува негов старт на 4 мај.

СЗО – Предупредуваат дека секое олеснување на мерките мора да биде постепено, бидејќи ако е избрзано – може заразата да избувне повторно.

САД – Во изминатите 24 часа од коронавирусот починаа 1.433 лица, со то вкупниот број на смртни случаи е над 42.000.