Светиот крст за Водици ќе се фрла на неколку локации во Бутел

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски ги повика граѓаните да го прослават големиот христијански празник Богојавление – Водици.

- И оваа година на 19.01.2023 (четврток) под покровителство на Општина Бутел светиот крст ќе се фрла на неколку локации, информира Костовски.

Крстот ќе се фрла на следните локации:

-Љубанци на река Љубанска со почеток од 10:00 часот

-Црква Св. Наум Охридски во Радишани со почеток од 10:30

-Црква Св. Јован Крстител во населбата Бутел 1 со почеток од 11:00