
Со Божјиот благослов, добиен во храмот „Св. Спас“, храбрите момци се упатија кон езерцето во Долно Соње, каде што во студените води со вера, храброст и чисто срце беше изваден светиот крст, сподели денеска во објава на Фејсбук, градоначалникот на Општина Сопиште, Јане Мицевски.
„Горд сум што и оваа година ја потврдивме нашата жива традиција, која ја носи духовноста, заедништвото и силата на верникот. Бог сакал да оваа година Дарио Алексовски го фати светиот крст, донесувајќи благослов и надеж за целата наша заедница“, истакна Мицевски.
Вели дека овој свет чин нè потсетува дека верата, традицијата и заедништвото се темели што не обединуваат и нè водат кон иднината.
„Нека светлината на овој голем празник донесе здравје, мир и благосостојба во секој дом“, порача градоначалникот.