Според сведоштво на велешанец за порталот „Сакам да кажам“ 13-годишното девојче од домот „25 мај“ пред четири месеци било пронајдено во бесознание среде улица.

Како што тој вели тој за порталот, девојчето било пронајдено во бесознание во ноември минатата година во вечерните часови, а по објавувањето на случајот во медиумите сфатил дека стануа збор за истото девојче.

„Беше понеделник вечер околу 22 до 22.15 часот се прибирав дома, кога на улицата во соседството забележав нешто како дете. Кога се приближив видов дека е девојче, кое не даваше знаци на живот, лежеше, не мрдаше. Минуваше и една жена, па заедно се обидовме да помогнеме. Имаше слаб пулс кога ја фатив за раката. Повикавме брза помош која дојде набргу, заедно ја качивме на носилката и ја однесоа во Болница. За настанот очекував следниот ден или наредните, информација во медиумите, стравував по нејзиниот живот, но немаше никаде никава вест“, раскажал соговорникот за „Сакам да кажам“ и додал дека девојчето било несоодветно облечено за таа доба од годината, босо, без чорапи и обувки, со горна тренерка.

Од полицијата во Велес пред два дена дека минатата година на 13 ноември околу 22.30 ч. на детското одделение во ЈЗУ Општа Болница Велес, било пријавено дека е донесена малолетничка во бессознание. По извршените прегледи врз детето во Судска медицина Скопје, откриено е дека врз девојчето е извршен полов напад.

Подоцна за сторител е идентификуван Е. Х. (18) против кого беше поднесена и кривична пријава за „полов напад врз дете“, а истрагата е проширена и против други лица. Малолетната Р.И. на петгодишна возраст била одземена од родителите, кои морале да одат затвор затоа што питачеле заедно со неа.

Врз основа на досегашните наоди, како што информира денеска Министерството за труд и социјална политика (МТСП), подготвуваат прекршочни и кривични пријави за одговорни и стручни лица, а сите сознанија и докази за овој случај се доставуваат до Основното јавно обвинителство.