Сведоци тврдат дека Фросина поминала на зелено, а вештаците на црвено светло

 На третото судско рочиште за сообраќајката во која лани настрада 20 годишната Фросина Цековска од К. Паланка беа презентирани наодите од вештачењето од страна на Биротот за судски вештачења.

Според Бирото, таа ја преминала улицата на црвено светло за пешаци, во моментот кога била удрена од автомобил „Хонда Прелуд“ управувано од Љ.В. (26) со брзина од над 80 км на час.

Обвинетиот бил под дејство на алкохол(1.23 промили) и по несреќата избегал од местото на настанот. Обвинет е под неколку точки меѓу кои: тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот и неукажување помош на лице повредено во сообраќајна несреќа. Сведокот, другарката на Фросина, на минатото рочиште даде изјава дека тие, заедно со другите пешаци, улицата ја поминале на зелено, во моментот кога се случила несреќата. Се очекува да бидат прегледани и безбедносните камери од раскрсницата помеѓу „Партизанска“ и „Рузвелтова“.