Свечено доделени наградите „13 Ноември“ на Град Скопје за 2018 година (видео)

-Секој град, во својата историја има свои значајни дати и јубилеи. За нас, несомнено, највисоко на пиедесталот е 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје. Тој ден и тој настан не се само израз туку показ и доказ на стаменоста на нашите сограѓани и нескршливоста на нивната решеност да се изборат за својата слобода. Тие храбро и херојски се бореа, а дел и загинаа, осветлувајќи го патот на идните генерации и покажувајќи ни колку ни е скапа слободата. Овој град поминал низ сѐ и сешто. Тој има зад себе децении на страдање, но и децении на творење, децении на паѓање, но и децении на растење. Во тоа, Скопје секогаш успева да ги надмине сите премрежија и повторно да биде ГРАДОТ УБАВ, изајви скопскиот градоначалник Петре Шилегов на вчерашното доделување на наградите „13 Ноември“.