Суво дрво ја загрозува безбедноста во Карпош

Жители на Карпош информираат дека во паркот пред зградата на ул. Јуриј Гагарин бр.49 има дрво кое може да падне и да повреди некого. 
Тие го информирале и градоначалникот на општината но до сега никој ништо не превзел. Дрвото е суво и во одредени делови скршено па опасноста од додатно кршење е голема со оглед на нестабилното време и силните ветришта кои се речиси секојдневие во овој период. 

- Апелираме до општина Карпош и до градоначалникот Стефан Богоев да го отстранат истото пред да падне, да повреди некого или пак да одземе нечиј живот! - стои во апелот на граѓаните.