Сушица доби целосно реконструиран плоштад

Населено место Сушица во општина Петровец доби целосно реконструиран плоштад.

Финансиските средства во висина од 1.500.000 денари во целост беа обезбедени од Буџетот на Општина Петровец.

-Вакви и слични проекти ќе продолжат да се реализираат во сите населени места согласно барањата и потребите на жителите од тие населени места, информираат од општина Петровец.