Сусамово масло: Моќно масло кое го чува нашето здравје

Маслото од сусам се прави од семките на сусамот,  а е едно од најздравите масла на светот. Сусамот е важен извор на фито хранливи состојки, како што се омега 3 масните киселини, флавоноидите, витамините и билните влакна. Тој е богат и со протеини кои се неопходни за растот, особено кај децата.

Здравствените предности кои ги нуди ова масло се огромни. Тоа ја поттикнува регенерацијата на косата, го подобрува здравјето на кожата, го поттикнува варењето, ги спречува воспаленијата, го намалува крвниот притисок, ги ублажува симптомите на тешкотии и депресија и делотворно влијае на здравјето на срцето.

Освен тоа, ова масло ја ублажува болката кај ревматските заболувања и артритисот, ги јакне забите, ја поттикнува циркулацијата и создавањето на црвени крвни зрнца, а ја намалува и појавата на старечки дамки на кожата.

Ова масло се користи и за лечењето хемороиди кои често предизвикуваат крварење и болки, а самото масло помага и кај брадавици, чиреви, акни и опекотини. 

Освен тоа, се препорачува и за кај практикувањето масажа, поради одличното дејство на кожата. Од истите причини, тоа е честа состојка во различни креми и препарати за нега на кожата.