Низ градот често може да се сретнат огласи за кои се бараат пекари во бурекџилница, за плата преку 30.000 денари.
Овие огласи понекогаш ги збунуваат минувачите бидејќи просечниот работник најчесто е платен во рамките на државниот просек (околу 350 евра), што е сума речиси двојно помала од онаа што им се нуди на пекарите.
Од друга страна и наставниците, па и докторите земаат помала плата, па се поставува прашањето зошто е тоа така? Но како што велат сопствениците на овие дуќани, денес речиси е невозможно да најдете пекар без работа и дека истата професија воопшто не е лесна.